Ленс Армстронг е соочен со нови проблеми откако откри дека во текот на неговата кариера земал допинг. Соочен е со истрага од државните власти по што би можел да заврши зад решетки.
Некогаш беше чудо на природата. Го победи ракот на тестисите и влезе во спортските легенди со освојување на дури седум Тур Де Франс турнири. Но моќта, славата и парите одеднаш исчезнаа. Американскиот велосипедист по признанието дека земал недозволени средства стана најголем измамник во историјата на спортот.
Спонзорите го напуштија, му ги избришаа резултатите, побараа од него да ги врати нечесно заработените пари, но тоа не е најлошото што можеше да му се случи.
Поранешната американска спортска икона е соочена со затворска казна. Американските медиуми пишуваат дека државните органи покренале нова истрага затоа што Армстронг лажел за допингот, а покрај тоа им се заканувал и ги малтретирал оние кои го обвинувале за тоа.
Аферата „Армстронг“ со ова добива ново поглавје…
[youtube]http://youtu.be/N_0PSZ59Aws[/youtube]