4 играчки конзоли кои заслужено пропаднале

конзолиВидео игрите имаат долга и комплицирана историја. Пропаѓањето на Атари, спасот на индустријата од страна на Нинтендо, подемот на Сони… Денес, конзола дизајнирана за едноставни игри кои се популарни и кај децата и кај постарите собира купишта пари, иако тврдокорните гејмери ја презираат. Другите два водечки системи со сите сили се борат за второто место… Овие 4 играчки конзоли сосема заслужено пропаднале за многу кусо време.

Видео игрите имаат долга и комплицирана историја. Пропаѓањето на Атари, спасот на индустријата од страна на Нинтендо, подемот на Сони… Денес, конзола дизајнирана за едноставни игри кои се популарни и кај децата и кај постарите собира купишта пари, иако тврдокорните гејмери ја презираат. Другите два водечки системи со сите сили се борат за второто место… Овие 4 играчки конзоли сосема заслужено пропаднале за многу кусо време.

Иако се сеќаваме само на неколку конзоли, историјата на видео игрите е преполна со нив. Некои биле напредни за времето во кое се појавиле, други едноставно биле лоши идеи. Овие пак, заслужено пропаднале. Без разлика дали биле прескапи, користеле многу батерии или едноставно немале добра причина за воопшто да се појават:

конзолиPioneer LaserActive

Една работа што сите фанови на конзоли ја имаат забележано е дека сите конзоли се трудат да бидат повеќе од обичен систем на кој може да се играат игри. Па така, на нив може да се гледаат филмови, да се слуша музика, па дури и да се сурфа на интернет. Но, она што повеќето луѓе не го знаат е дека овој сон е постар одошто мислат: Pioneer биле првите кои се обиделе да го направат тоа во 1993 со нивната LaserActive. Уникатната функција на Pioneer LaserActive била што можеле да се купат додатоци кои ќе ви овозможеле да играте TurboGrafx и Genesis игри, а исто така можеле да се играат и игри на ласерски диск. Дури имало и очила за 3D. За оние кои не знаат, ласерски диск во однос на DVD е како грамофонска плоча во однос на CD. Проблемот бил што основниот систем чинел 900 долари, додека додатоците чинеле по 600 долари.

И не само што оваа конзола била прескапа, туку не ни имало игри за неа. Оние игри кои биле достапни биле игри од други конзоли. Што значи Pioneer барале од луѓето да платат илјадници долари за да играат игри кои можат да ги играат за далеку пониска цена на другите конзоли.

конзолиSega Nomad

Една работа која фановите на Sega постојано ја потенцираат е дека Sega отсекогаш била чекор пред сите други. Но колку и да биле напредни, не може да им се прости за грешката наречена Nomad.

На хартија Номадот бил совршен. Во времето кога преносните конзоли се сведувале на монохроматскиот екран и 8 битната технологија, Номадот бил преносен 16 битен ѕвер, одличен начин за Sega да ги одржи Genesis игрите во живот.

Прочитајте и:  А може ли да се игра Doom на новиот часовник од Нинтендо?

За жал, тоа не се случи бидејќи луѓето од Sega направиле мал превид: Номадот бил со големина на бетонски блок, и ги трошел АА батериите додека да трепнете. Со други зборови, Sega направиле преносна конзола која била едвај преносна. Па наместо да ги победат Нинтендо на нивен терен со преносна конзола која е поддржана од огромен број игри и докажана технологија, Sega почна да пропаѓа.

На светлата страна од нештата, барем ги подготви тврдокорните фанови на Sega за неуспехот наречен Dreamcast.

конзолиApple Pippin

Има многу работи кои го означуваат срамот наречен Интернет во раните деведесети, но ниту една од нив не е толку сеопфатна како „телевизискиот персонален компјутер“. Поради некоја причина сите мислеле дека компјутери кои се поврзуваат со телевизор ќе бидат носители на напредокот, бидејќи токму на тоа помислуваме кога мислиме на компјутери: екрани со ниска резолуција. И никој не го редефинирал поимот „срам“ во раните деведесети како Apple, со направа која била толку ужасна што дури ни тие самите не сакаат да ја спомнат.

Да, пред Стив Џобс да се врати и да го претвори Apple во убаво дизајнираната империја инспирирана од супер негативците на Бетмен, постоел период кога Apple секојдневно го труел светот со ужасни идеи. Pippin бил планиран како евтин компјутер, но бидејќи бил направен од Apple во раните деведесетти, на крајот испаднал екстремно скапа конзола. Колку скапа? Само 600 долари.

конзолиGame Boy Micro

Во историјата на преносните конзоли, има едно име кое се надвиснува над сите други – Нинтендо. Почнувајќи од Game Boy па сѐ до Nintendo DS, Нинтендо  се има соочено со сите предизвикувачи и ги има уништено. Но, натпреварувањето со Атари, Нокиа, Сега, Сони или… кој било конкурент им станало здодевно, па решиле да се натпреваруваат против себеси. Па така, како наследник на Game Boy го создале Game Boy Micro.

Да анализираме – иновативниот DS е во продажба, и на него можат да се играат игри од Game Boy Advance, што го прави инстанто популарен, а кон тоа придонесува и пристојната цена. Тогаш зошто воопшто постои Game Boy Micro, на кој не можат да се играат дури ни класични Game Boy игри, ни па можат да се вклучуваат периферни уреди како e-Reader, и е толку мал што буквално го собира на дланка?

Game Boy Micro беше толку популарен што во многу продавници тврделе дека воопшто не постои и до моментот кога луѓето се откажаа од следење на бројките од продажбата, само 2,42 милиони примероци биле продаден во целиот свет. За споредба, DS во сите верзии има продадено околу 128 милиони примероци во целиот свет, што е повеќе дури и од продажбата на Wii.

- Реклама -