6 технологии од денешно време кои биле предвидени од Џетсонови

jetsonsvideochatБез разлика на вашата возраст, дали како деца или како родители, вие сигурно сте гледале барем една епизода од популарниот цртан на „Хана-Барбера“. „Џетсонови“ датира уште од 1962-та година и има 3 сезони со епизоди дури до 1987-ма година. Како комплетна спротивност на една од најпознатите серии на сите времиња, „Флинстонови“, отсликува футуристичка утопија, гледиште на 21 век, поточно 2062 година, со поглед од тоа време.

Без разлика на вашата возраст, дали како деца или како родители, вие сигурно сте гледале барем една епизода од популарниот цртан на „Хана-Барбера“. „Џетсонови“ датира уште од 1962-та година и има 3 сезони со епизоди дури до 1987-ма година. Како комплетна спротивност на една од најпознатите серии на сите времиња, „Флинстонови“, отсликува футуристичка утопија, гледиште на 21 век, поточно 2062 година, со поглед од тоа време.

Ако се навратиме на ова популарно шоу и погледнеме подлабоко во концептот или секојдневниот живот на Џетсонови, можеме да забележиме многу интересни замисли за животот во овој век. Овде ќе претставиме 6 од технологиите на Џетсонови кои всушност, се реалност во 2010 година.

“TeleViewer”

jetsonsteleviewer

TeleViewer е екран со единствена цел да прикажува вести во сличен формат на веб вестите. Има слики што се движат (вградена медиа) и го снабдува читачот со интерактивно, мулти-димензионално искуство. Со ова уште во 1962-ра година, Џетсонови го предвидуваат умирањето на принт и раѓањето на дигиталниот печат.

Солариум-кревети

jetsonstanningbed

Во оваа епизода, богат бизнисмен ужива во неговиот личен кревет за здобивање на лажен тен. Сијалиците наречени “лажни сончеви зраци” биле претставени уште во 30-тите години од 20-иот век, но првите солариум-центри биле отворени дури во 1978 година во Америка, цела декада после епизодата.

Видео разговори
jetsonsvideochat

И покрај тоа што оваа технологија била предвидена од многу, Џетсонови се првите што ја “користеле” константно. Во скоро секоја епизода можеме да ги видиме како комуницираат преку видео повици. Јасно е дека со веб-камери, Skype и новиот FaceTime на iPhone 4, оваа технологија е реалност. Интересно е тоа што, во Џетсонови, ова е единствен начин на комуникација. Нивната замисла е да нема комуницирање само со глас или текст туку единствено преку видео.

Роботска правосмукалка
jetsonsautovac

Основната тема на Џетсонови е тоа што домашните задачи се олеснети, иако карактерите во серијата се жалат на мачниот живот,  а сè можно завршуваат со притискање на едно копче. Како што напредува роботиката во Јапонија, нема да биде тешко да се испрограмира робот кој ќе може да ги чисти подовите во нашите станови.

Аларм кој зборува
jetsonsalarmthattalks

Не е тешко да се направи часовник-аларм кој зборува во денешно време. Оваа технологија оди подлабоко со активација преку глас, препознавање на истиот, софтвер со компјутерски глас и вештачка интелигенција. Тоа е исто како да замолите некој друг да ве разбуди (и кога да не ве буди).

Автоматски доручек
jetsonsbreakfastmachine

Додека одамна имаме автомати за сок, кафе, тостери, сè уште немаме направа што може да ни направи комплетен доручек со притискање на едно копче. Како што напредува технологијата, сè е можно во блиска иднина. [techvert.com]

- Реклама -