Предмети што мора повторно да ги искористите пред да ги фрлите

Живееме во време кога рециклирањето е од исклучителна важност за зачувување на животната средина. Почнете од вашето домаќинство во кое може да се рециклираат многу работи и корисно да се употребат. Освен што ќе создавате помалку отпад, ќе заштедите и средства.

1.Амбалажата од путер

Кога ќе го потрошите путерот не ја фрлајте амбакажата. Искористете ја за премачкување на тавите за печење.

2.Картонски кутии од јајца и хартиени ќеси

Искористете ги за потпалување оган во каминот или печката. Кутиите од јајца исечете ги на помали парчиња, а ќесите убаво спакувајте ги да не ви зафаќаат место.

image

3.Кутии со хартиени марамчиња

Кога ќе се испразнат во нив може да ставите пластични ќеси. Така уредно ќе може да ги вадите една по една и да ги рециклирате пред фрлање во отпад.

4.Пластични ќеси

Поставете ги на кантите за отпад, користете ги како заштита кога кречите, за пакување на разни предмети…

plastic_bags

5.Весници

Обложете ја со нив кутијата во која вашата мачка врши нужда, за полесно чистење и потоа сипете песок врз весниците. Заштитете ја работната површина од бои и лепило. Користете ги за пакување предмети кога се селите или испраќате кршлив предмет по пошта.

6.Спреј шишиња со средства за чистење

Кога ќе се испразнат прво темелно исчистете ги, а потоа наполнете ги со домашно средство или со обична вода за прскање на билките.

green-cleaning-spray-bottles

7.Кора од лимон

Направете средства за чистење на база на лимон, а кората може и да ја замрзнете и да ја користите по потреба како додаток за колачи или зачин. Кората од лимон и портокал може да ви помогне и вашиот дом да мириса свежо. Едноставно ставете ги покрај или на топол радијатор.

- Реклама -