Еден англиски веб сајт посветен на технологија направи истражување со преку 1000 испитаници на тема играчки конзоли. Се испостави дека играчката конзола на Microsoft има дури 60% проценти шанси за дефект, наспроти 16% на Playstation 3 и само 6% на Nintendo Wii.

Англискиот сајт, CNET направи истражување на тема „правилното функционирање на играчките конзоли“. Xbox 360, кај корисниците во Велика Британија се расипала дури во 60% од случаите. Наспроти ова, Playstation 3 откажала во 16%, а Nintendo Wii во само 6%.
Што е уште пострашно, дури 32% од оние кои пријавиле дефекти, велат дека кознолата престанала да функционира 2 пати, а неверојатни 19% пријавиле дефекти 3 или повеќе пати.
Како одговор на ова, Microsoft излезе со соопштение во кое се вели дека ова е една од најставбилните конзоли во кои гејмерите постојано инвестираат, како никогаш до сега; а примерокот врз кој е направено истражувањето не е репрезентативен.
Од друга страна, тврдењата на CNET се поткрепени и со истражувањето на магазинот Geme Informer, кој на примерок од преку 5000 испитаници дојде до стапка на дефекти од околу 54%. Дури и да се работи за бројка приближна на овие две, показателите се застрашувачки.