Балтимор шампиони на 47. Super Bowl

Балтимор Рејвенс го поразија тимот на Сан Франциско во финалето на 47. Super Bowl. На стартот на третата четвртина Балтимор убедливо водеше со 28:6, а потоа на стадионот „Mercedes-Benz Superdome“ во Њу Орлеанс, Луизијана дојде до прекин на струјата што траеше 34 минути. Овој дефект настана по настапот на Бијонсе на полувремето.

Балтимор не го загуби водството и на крајот резултатот беше 34:31.

sb

Фрлачот на Балтимор Џое Флако е прогласен за најкорисен играч во финалето. Тој дури три пати ја дофрли топката за тачдаун во првото полувреме. Одбраната ја водеше легендата Реј Луис, на кого ова му беше последен натпревар во кариерата.

sb1

Вчерашниот натпревар беше прв по 1979 година во кој двата тима постигнаа над 30 поени.Пред 71 илјадна публика и милионски гледачи пред телевизиските екрани се одигра и најдолгото финале во историјата на НФЛ. Натпреварот траеше рекордни 4 часа и 14 минути.

sb2 sb3 sb4

- Реклама -