Звучници потeнки од хартија (видео)

Повеќе... Со помош на нанотехнологијата произведен е флексибилен, транспарентен материјал потeнок од хартија кој може да пренесува звук. Материјалот го направија кинеските научници од тенки карбонски нано слоеви и може да биде употребен за да се произведат најтанките звучници досега.

Со помош на нанотехнологијата произведен е флексибилен, транспарентен материјал потeнок од хартија кој може да пренесува звук. Материјалот го направија кинеските научници од тенки карбонски нано слоеви и може да биде употребен за да се произведат најтанките звучници досега.

Новиот карбонски материјал, кој е потeнок од влакно, може да пренесува звук со ист квалитет како и конвенционалните звучници и поради неговата флексибилност која дозволува да се витка може да биде вметнат речиси секаде и во секаква форма. Овие ултратeнки звучници би можеле да се вметнат во облеката, ѕидовите, директно во уво или на прозорците. Ова отвора голем број на нови можности во производството на аудио опрема. На ова видео материјалот е вграден во знаме.

{youtube}8aoflVUvwlQ{/youtube}
 
 
- Реклама -