…и тогаш Мојсеј и Евреите дојдоа до Црвеното Море: „Како ќе поминеме?“ Мојсеј одговори: „Без проблем – влегувајте в кола.“ Rinspeed Splash е спортски автомобил кој не само што е импресивен на пат, туку може да плови и лебди над вода. Со помош на хидраулика овој автомобил се трансформира во глисер кога ќе влезе во вода, а има и хидрофоил, односно уред кој помага бродот да плови побрзо со тоа што ќе го подигне трупот над водата.
…и тогаш Мојсеј и Евреите дојдоа до Црвеното Море: „Како ќе
поминеме?“ Мојсеј одговори: „Без проблем – влегувајте в кола.“ Rinspeed
Splash е спортски автомобил кој не само што е импресивен на пат, туку
може да плови и лебди над вода. Со помош на хидраулика овој автомобил
се трансформира во глисер кога ќе влезе во вода, а има и хидрофоил,
односно уред кој помага бродот да плови побрзо со тоа што ќе го подигне
трупот над водата.
Автомобилот развива од 0 до 100 за 5,9 секунди, а постигнува максимални 200 Км/ч на земја и 80 Км/ч на вода. Цената на овој автомобил уште не е позната, а повеќе за истиот можете да видите од видеото подолу или од официјалната страна.
{youtube}UGIOs3w_-6M{/youtube}