Новиот iPad ќе има 128 GB меморија

Компанијата Apple на 5 февруари ќе го лансира на пазарот новиот iPad 4 со 128 GB меморија.

Како што пренесува порталот Mashable.com новиот уред е идентичен на постоечкиот само што ќе има поголема меморија. До сега овие уреди имаа меморија од 16,32 или 64 GB.

Претседателот за глобален маркетинг на Apple, Филип Шилер, вели дека со двојниот мемориски капацитет и со повеќе од 300,000 домашни апликации, бизнисмените, просветните работници и уметниците ќе имаат уште повеќе причини да користат iPad за сите потреби.

Новиот iPad има и нова цена од 799 долари за Wi-Fi моделите, додека верзиите што поддржуваат и LTE ќе чинат 929 долари, што ги прави најскапи на пазарот.

- Реклама -