Данска ја „сомле“ Хрватска (30-24)

Можеби очекувано финале Шпанија – Данска ќе гледаме на Светското ракометно првенство кое се одржува на Пиринејскиот полуостров.

Данците супериорно обезбеди финален дуел откако вистински ја „сомле“ репрезентацијата на Хрватска победувајќи ја со 30-24 (14-11). Европскиот шампион доминираше од самиот почеток на натпреварот, но вистинската надмоќ ја покажа во последните десет минути кога дефинитивно даде до знаење дека „коцкестите“ нема што да бараат на оваа пресметка.

Предводник на Данците кон триумфот беше голманот Никлас Ландин со 16 одбрани, додека во нападот Андерс Егерт заврши со 9 постигнати гола. Јеспер Нодесбо постигна пет гола, а Микел Хансен заврши со само еден гол во мрежата на Хрватите. На спротивната страна Бичаниќ постигна седум гола, а Дувњак – четири.

- Реклама -