А ние се жалиме дека ни е ладно

Добредојдовте во Ојмјакон, најладното место во светот во кое температурата се спушта и 70 степени под нулата, мобилните телефони не работат, а луѓето сѐ уште имаат полски тоалети.На левиот брег на реката Индигирка во Русија, со само 800 жители, селото Ојмјакон е најладното населено место во светот. Просечната температура во јануари е -50 степени Целзиусови. Интересен е фактот дека значењето на името Ојмјакон е „вода што не замрзнува“, пишува „Daily Mail“.

selo2

Во ова село не е можно одгледување на било какви култури, овошје или зеленчук, па населението живее од месо од елен и коњ. Со оглед на тоа, податокот дека селото го заобиколуваат разни болести и вируси делува неверојатно. Копањето јама за погреб е ноќен кошмар затоа што трае и до три денови поради лошиот терен.

[youtube]http://youtu.be/rzM0xthB75A[/youtube]

Познато и како „Студен пол“, ова село во првата половина од 20. век го населиле одгледувачи на ирваси. На почетокот Ојмјакон бил само нивна станица на патот до термалните води, но сфаќајќи дека не им се исплати да поминуваат долг пат, одлучиле да се сместат тука.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Во селото најчесто се греат на дрва и не користат многу технолошки достигнувања од денешницата. Единствената продавница која работи го снабдува населението со основни намирници, а најголем број луѓе се занимаваат со лов и риболов. Селскиот лекар тврди дека и покрај непостоењето на бројни намирници, мештаните не страдаат од глад затоа што млекото од животните што ги одгледуваат е многу хранливо.

selo1

За разлика од поголемиот дел од планетата, жителите на ова село сакаат снег и зима и поголем дел од нив не размислуваат за преселба. Интересно е и тоа што селското училиште во текот на зимата работи без проблем. Учениците одмараат само ако е забележана температура пониска од -52 степени.

- Реклама -