На 31 јануари 2013 година со почеток во 17:30 часот ќе се одржи втората работилница во Duna iStore во ГТЦ на тема iLife ’11. iLife ’11 е најдобриот софтверски пакет изработен од Apple и е вклучен на секој Mac. Пакетот содржи сет од 3 неверојатни апликации: iPhoto за слики, iMovie за филмови и GarageBand за музика.
iPhoto овозможува едноставна организација, подобрување и споделување на дигиталните слики со вашите пријатели и фамилија.
Со iMovie можете да научите да изработувате трејлери во Холивудски стил, да направите сценарио и извонредни филмови со помош на вклучени теми, наслови, транзиции и саундтрак.
Со GarageBand секој може да направи одлична музика со перфектен ритам, да ја споделите вашата музика, да изработите подкаст, како и да научите да свирите на гитара или пијано со помош на вклучени основни лекции во апликацијата.
Посетете ја бесплатната работилница на која ќе се претстави целиот пакет за да ги подобрите вашите вештини или пак едноставно да научите повеќе за апликациите кои доаѓаат со секој Mac. Во текот на наредниот период ќе следуваат детални обуки за секоја поединечна апликација од пакетот iLife ’11.