Никој не сака повреди и рани, но постојаното отстранување на преврските за да проверите дали има инфекција може да биде болно. На тој начин можат и да се влоши состојбата бидејќи раната се изложува на бактерии. Сега истражувачите имаат развиено нов материјал за преврски кој ја менува бојата во случај на инфекција, што ќе овозможи проверка на раната без замена на преврската.

Научниците од Фраунхофер Институтот за Истражување во Минхен развиле боја која реагира на различните pH вредности, и ја интегрирале во преврска. Здравата кожа и заздравените рани обично имаат pH пониска од 5. Ако оваа вредност се зголеми, и се префрли од киселини во опсегот на бази, тогаш тоа е индикација за компликации во заздравувањето на раната.
„Ако pH вредноста е помеѓу 6.5 и 8.5 често има присуство на инфекција и детекторот ќе стане виолетов“ вели доктор Сабине Труп, научник од институтот. На овој начин, овој интелегентен материјал за преврски овозможува редовно проверување на раните без потреба од прекинување на процесот на заздравување.
Додека го создавале овој материјал, истражувачите морале да бидат сигурни дека бојата ќе остане хемиски стабилна при врзувањето за влакната на материјалот за преврски што би спречило нејзин контакт со раната. Тие исто така морале да бидат сигурни дека промената на бојата ќе биде јасна и дека детекторот ќе реагира и на најмалите промени на pH вредноста.
Истражувачите веќе произвеле прототип на овој тип на преврски и велат дека првичните тестови биле успешни. Тие сега сакаат да продолжат со развивање на детекторот преку интеграција на оптички сензори кои ќе ја мерат pH вредноста и ќе ја прикажуваат на специјален електронски читач. Ова ќе овозможи прецизно мерење на pH вредноста, што ќе даде дополнителни информации за текот на заздравување на раната.
Во меѓувреме, институтот ќе ја тестира новата преврска во болничка средина во дерматолошката клиника на Универзитетот во Регенсбург. Доктор Труп и нејзиниот тим сега бараат индустриски партнер за да започнат со комерцијално производство на преврските. [Color changing dressing to indicate infections]