Откриен генот одговорен за пијанството

пијанствоЕкспертите велат дека го откриле генот поради кој некои луѓе се опијануваат по само неколку пијалаци. Американските истражувачи веруваат дека 10-20 проценти од луѓето имаат верзија на генот која нуди заштита од алкохолизам. Причина за тоа е што луѓето кои силно реагираат на алкохолот имаат помали шанси да станат зависни.

Експертите велат дека го откриле генот поради кој некои луѓе се опијануваат по само неколку пијалаци. Американските истражувачи веруваат дека 10-20 проценти од луѓето имаат верзија на генот која нуди заштита од алкохолизам. Причина за тоа е што луѓето кои силно реагираат на алкохолот имаат помали шанси да станат зависни.

пијанствоИстражувачите од Универзитетот од Северна Каролина велат дека целта на студијата била да се помогне во борбата против зависноста. Во иднина на луѓето можат да им бидат давани лекови со сличен ефект како на генот CYP2E1 за да бидат почувствителни на алкохол – не за полесно да се опијанат, туку да бидат одвикнати од пијанството.

Главниот истражувач професорот Кирк Вилхелмсен изјавил: „Очигледно е дека сме далеку од создавање на лек, но генот кој го откривме ни кажува многу за ефектите на алкохолот врз мозокот.“ Најголемиот дел од алкохолот кој луѓето го конзумираат се разградува во црниот дроб, но дел се метаболизира во мозокот од ензимот кој добива инструкции од генот CYP2E1. Луѓето кои ја имаат подобрата верзија на овој ген полесно го разградуваат алкохолот, што објаснува зошто ги чувствуваат ефектите на алкохолот побрзо од останатите.

Истражувачите дошле до откритието преку проучување на над 200 парови студенти кои биле браќа и сестри, кои имале еден родител зависник од алкохол но тие самите немале проблем со пиењето. Тие им дале на студентите мешавина од 75 процентен алкохол и сода кои биле еквивалент на три просечни алкохолни пијалаци. Студентите биле прашувани во редовни интервали дали се чувствуваат пијани, трезни, поспани или будни.

Научниците потоа ги споредиле резултатите со оние од генетското тестирање на студентите. Ова открило дека CYP2E1 на хромозмот 10 одредува кои личност можат да го толерираат алкохолот подобро од другите. Професорот Вилхелмсен додал дека е потребно понатамошно истражување за да се види дали откритието може да биде употребено за создавање нови лекови за зависност од алкохол. „Алкохолизмот е многу комплексна болест, и постојат голем број причини поради кои луѓето пијат. Ова може да биде само една од причините.“ [‘Tipsy’ alcohol gene ‘could help curb alcoholism’]

- Реклама -