Шест заблуди околу видот

GlaucomaEyeДали родителите некогаш ви кажувале дека јадењето моркови ќе ве спаси од носење очила? Или дека седењето премногу близу до телевизорот може да ве ослепи? Одговорот најчесто е да, но, што всушност е добро, а што лошо за вашите очи? Прочитајте го текстов за да дознаете дали нешто од сето тоа што сте го чуле е вистинито или е дел од современите заблуди за здравјето на очите.

vision_copyДали родителите некогаш ви кажувале дека јадењето моркови ќе ве спаси од носење очила? Или дека седењето премногу близу до телевизорот може да ве ослепи? Одговорот најчесто е да, но, што всушност е добро, а што лошо за вашите очи? Прочитајте го текстов за да дознаете дали нешто од сето тоа што сте го чуле е вистинито или е дел од современите заблуди за здравјето на очите.

Заблуда: Јадењето моркови ќе ви го подобри видот.

Вистина: Досега нема студии кои покажуваат дека вашиот вид ќе биде поостар само ако јадете повеќе моркови. Морковите, секако, содржат витамин А-нутриент потребен очите да функционираат како што треба. Неговиот недостиг лошо влијае на вашите очи! Задржете ја храната на зајаците на своето мени, но не мачете се со додатоците на витамин А, зашто на телото не му е потребен тон од овој витамин, а внесувањето повеќе отколку што ви треба од додатоците може да му штети на вашето здравје.

Заблуда: Работата на компјутер влијае лошо на очите.
Вистина: Напрегнатоста на очите при работа на компјутер има помалку врска со компјутерите, а повеќе со начинот на кој работите со нив. Повеќето од нас забораваат да трепкаат и да се одмораат толку често колку што е потребно додека работат или читаат. Така, целото време поминато гледајќи во мониоторот може да ги замори очите и да ги исушите. Тоа може да предизвика дури и главоболка, но нема да им наштети на очите, особено ако правилно ги користите додека работите.

Прочитајте и:  12.000 долари за промена на бојата на очите - процедурата се попопуларна во САД

Заблуда: Читање на слаба светлина може да им наштети на очите.
Вистина: Читање или решавање крстозбори на помала светлина нема да им наштети на очите, но многу е веројатно дека ќе ги премори. Тоа е обемот на штетноста. Сепак, треба да се обидете да им олесните на очите со тоа што ќе работите на адекватно осветлување колку што е можно повеќе.

Заблуда: Ако носите очила или контактни леќи, очите ќе ви станат зависни од нив, а видот ќе ви се влоши.
Вистина: Носењето очила или контактни леќи не ви го влошува видот. Тоа го прават стареењето, повредите, болестите, или генетските фактори што го влошуваат видот, а не употребата на средства за негова корекција.

Заблуда: Седењето премногу близу до телевизорот е лошо за очите.
Вистина: Како што од гледање предолго во екранот на компјутерот, исто така може да ве заболи глава и од седење премногу блиску до ТВ. Но, нема доказ дека малата оддалеченост е штетна за видот. Сепак, потребата да седите поблиску до ТВ може да е знак на кусогледост, затоа можеби треба да си го проверите видот.

Заблуда: Носењето несоодветни очила е лошо за очите
Вистина: Да се носат несоодветни очила (на пример, туѓи очила) или неносење очила нема да ви наштети на видот, но зошто би ги носеле?! Само носење очила точно препишани за вас од очен лекар (офталмолог), ќе ви овозможи оптимално гледање, а кој не го сака тоа?

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -