Најздравите намирници од најздравите кујни на светот

guacamoleМексиканска, италијанска, либанска … речиси во секоја кујна постојат намирници кои се особено добри за нашето здравје.


Мексиканска, италијанска, либанска … речиси во секоја кујна постојат намирници кои се особено добри за нашето здравје.

guacamoleЗелен чај
Овој напиток е типичен за јапонската кујна. Корисните својства на зелениот чај се познати од одамна,а научниците постојано наоѓаат нови примени за овој чај против многу болести. Пред се, за тоа е заслужно високото ниво на флавоноиди, особено на катехинот кој има за 20 пати повеќе антиоксидантски способности од, на пример, витаминот C. Стручњаците ја наведуваат и поврзаноста на зелениот чај со намалениот ризик од рак на кожата, белите дробови, дебелото црево и многу други болести. Исто така, конзумирањето на овој здрав напиток го намалува ризикот од срцеви заболувања и висок крвен притисок.

Лосос
Здравите омега 3 масни киселини се наоѓаат во голема количина во лососот – рибата која е неизоставен дел од исландската кујна. Лососот е многу лесна риба, 100 грама содржат само 138 калории, а истражувањата покажаа дека луѓето кои ja јадат најмалку еднаш неделно, има значително помал ризик дека ќе доживеат инфаркт.

Чили
Кој вели дека лутата храна не е здрава? Научниците од Универзитетот Нотингам утврдија дека капсаицинот во лутите пиперчиња, освен што го дава лутиот вкус, може да ги уништи и клетките на ракот без никакви нуспојави. Освен тоа, лутите пиперчиња содржат и големи количини витамин А, C и флавоноиди. Значи, слободно барајте инспирација во тајландската, мексиканската и индиската кујна.

Маслиново масло
Италијанската, грчката и шпанската кујна почнува и завршува со маслиново масло кое е од непроценлива вредност за човечкото здравје бидејќи го намалува ризикот од срцеви болести, како и од ракот. Посебно е здраво ладно цеденото маслиново масло кое делува како моќен антиоксиданс.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Домати
Истражувањата направени на Харвард во 2004 велат дека конзумирањето домати најмалку два пати неделно го намалува ризикот од рак на простатата за дури 20 до 40%. Она што доматот, кој е неизоставен дел од италијанската кујна, го прави толку здрав е ликопенот кој делува како антиоксиданс, а се наоѓа под лушпата. Богат извор на ликопен е и кечапот. Освен што штитат од различни видови рак, доматите служат и како заштита од штетното ултравиолетово зрачење.

Лук
Иако се користи ширум светот, лукот е типичен за либанската кујна во кој е основа на голем број топли јадења и салати. Многу студии ја докажаа користа на лукот: го регулира крвниот притисок, делува како превенција кај болестите на срцето, го намалува нивото на холестерол, а им помага и на пациентите кои боледуваат од артиосклероза. Покрај сето тоа, одлична заштита е од воспаленија и инфекции.

Авокадо
Ова суперовошје е типично за мексиканската кујна, посебно за специјалитетот со тестенини наречен guacamole. Авокадото е полно со витамини: E, C, B6 и B1, како и со каротен и калиум. Помага во намалувањето на нивото на холестерол во крвта, добар е за очите, а некои истражувања истакнуваат дека би можел да има и позитивно влијание врз обновувањето на црниот дроб.

- Реклама -