Верувале или не, некои делови на нашето тело се „стари“ само неколку дена, недели, месеци или години. Причината за тоа се крие во фактот дека нашите органи постојано самите се обновуваат, односно се регенерираат.
Верувале или не, некои делови на нашето тело се „стари“ само неколку дена, недели, месеци или години. Причината за тоа се крие во фактот дека нашите органи постојано самите се обновуваат, односно се регенерираат.
Органите во човечкото тело повремено се подложни на „подмладување“. Најбрзо се регенерираат цревните ресички кои не можат да бидат постари од три дена, дури и срцето се обновува на 20 години. Очите и мозокот, за жал или за среќа, ја покажуваат вистинската состојба на нештата – колку сте стари, односно млади.
Црн дроб – стар е 4 месеци
Овој орган е познат по својата неверојатна способност за обновување и раст и тоа благодарејќи на богатите залихи со крв. Тоа значи дека црниот дроб непрестајно може да ја обновува својата главна функција, а тоа е исфрлање на токсините од организмот. Ако некогаш сте се запрашале како е можно на луѓето кои многу пијат да им се подобрува состојбата на црниот дроб, тоа е затоа што векот на траење на клетките на црниот дроб е околу 150 дена, после што овој орган почнува да се обновува. На некои луѓе на кои со операција им се отстранети 70% од црниот дроб, 90% од тој орган повторно ќе се регенерира за два месеци. Се разбира, доколку дојде до цироза, црниот дроб веќе не може да се регенерира.
Рецепторите за вкус се стари 10 дена
Јазикот е прикриен со околу 90.000 рецептори за вкус благодарејќи на кои можеме да разликуваме благо, солено, кисело и луто. Тие рецептори всушност се група од педесетина ќелии на површината на јазикот. Се обновуваат на секои 10 дена, максимално до две недели. Додуша, сè што предизвикува воспаленија, како инфекциите или претераното пушење, може да ги оштети рецепторите и да предизвика престанок на нивната регенерација, заради што можеме да го изгубиме чувството за вкус.
Срце – старост од 20 години
Се до неодамна се веруваше дека срцето не може да се обновува. Сепак, новата студија на њујоршкиот Медикал колеџ покажа дека срцето е богато со матични клетки кои постојано се подмладуваат, и тоа барем три до четири пати во текот на животот.
Коски – стари 10 години
Скелетот постојано се менува и потребно му е десет години за потполно да се обнови. Старите клетки се заменуваат со нови кои овозможуваат здрав раст и развој. Коските се регенерираат благодарејќи на остеокластите и остеобластите, клетките кои вдлабнувањата кои ги прават овие првите ги исполнуваат со колаген. Како што се старее, тој процес се успорува, па коските ви се се потенки, што е причина за настанокот на остеопороза.
Кожа – старост од 2 до 4 седмици
Епидермот или горниот слој на кожата се обновува на секои две до 4 недели.
Коса – стара од 3 до 6 години
Староста на косата зависи од нејзината должина, но во просек таа расте по 1 cm месечно. Женската коса трае до 6 години, а машката максимално три. Веѓите и трепките се обновуваат секои 6-8 недели.
Нокти – стари од 6 до 10 месеци
Ноктите на рацете во просек растат по 3,4 милиметри месечно, речиси двојно повеќе од оние на нозете. За да израсти цел нокот на ногата е потребно 10 месеци, додека оној на раката расте за само 6 месеци. Ноктот на малиот прст расте поспоро од другите иако не е јасно зошто e тоа така.
Белите дробови се стари 2 до 3 седмици
Клетките на белите дробови постојано се менуваат, но бидејќи се меѓусебно различни, не се регенерираат со иста брзина. Алвеолите и белодробните меури се потребни за размена на килород и гасови – длабоко во белите дробови се случува регенерација која трае околу една година. Во меѓувреме, клетките на површината на белите дробови бидејќи се на „првата (борбена) линија за одбрана“ мора брзо да се обноват на секои две до три недели.
Црева – стари од 2 до 3 дена
Бидејќи постојано се изложени на висококорозивни материи како што е желудечната киселина, цревните ресички и другите клетки на цревата се обновуваат во рок од 2 до 5 дена.
Очите се стари колку и вас
Еден од органите кој речиси воопшто не се менува се очите. Единствен негов дел кој се менува е рожницата. Ако таа се оштети се опоравува во рок од 24 часа.
Мозокот е исто така стар колку и вас
Голем број од клетките кои траат додека човекот е жив се наоѓаат во мозокот. Родени сме со сите мозочни клетки кои ќе ги имаме секогаш, тоа се околу 100 милијарди, а поголемиот дел од мозокот, додека старее, не се регенерира. Сепак, постојат две области во мозокот кои се регенерираат: олфакторниот булбус, кој управува со нашето сетило за мирис и хипокампусот, кој е задолжен за делот за учење.