Лубеница наместо вијагра

Повеќе... Лубениците содржат материи кои благотворно делуваат на крвните садови слично на вијаграта и можат да ја зголемат сексуалната желба, заклучија американските научници после спроведените истражувања.


lubenici.jpgЛубениците содржат материи кои благотворно делуваат на крвните садови
слично на вијаграта и можат да ја зголемат сексуалната желба, заклучија
американските научници после спроведените истражувања.

„Што повеќе ги проучуваме лубениците, сè појасно ја сфаќаме нивната вредност“, вели докторот Bhajmu Patil, директор на истражувачкиот центар за овошје и зеленчук во Тексас. „После секое истражување списокот на битни лековити својства на овој плод е сè подолг.“

Американските научници утврдија дека лубеницата не само што е голема, вкусна и омилена летна наслада, туку и дека е многу корисна за здравјето. Според истражувањата на стручњаците овој голем, зелен, пругаст плод е богат со калиум, целулоза, витамин Це, фосфор, фолна киселина и други минерали.

Бидејќи се состои воглавно од целулоза и вода со растворени витамини и микроелементи, лубеницата помага во испирањето на бубрегот, а го намалува и вишокот холестерол. Освен тоа, меѓу корисните својства на лубеницата, која во последно време го окупира вниманието на научниците, забележана е нејзината способност за опуштање на крвните садови, слична на дејството на вијаграта.

„Иако лубениците, можеби не се толку ефикасни во борбата со импотенцијата како вијаграта, тие се одлични за опуштање на крвните садови без нус појави.“ – според докторот Patil.

Научниците докажаа дека после конзумирање лубеница, корисните материи преку одредени ферменти се претвораат во аминокиселина, која благотворно делува на срцето и кардиоваскуларниот систем, а многу е корисна и за луѓето со прекумерна тежина и дијабетес од типот B. Конзумирањето на овој освежувачки летен деликатес допринесува и за отстранување на амонијакот и другите токсини од организмот.

- Реклама -