Овој неверојатен пејсаж кој покажува како природата полека надраснува врз дел од кинескиот ѕид, е создаден од талентираниот тексашки фотограф Треј Ретклиф чија најголема страст е да патува и притоа да создава прекрасни фотографии.
Според раскажувањето на Треј, фотографијата е направена на северниот дел од ѕидот, кој се наоѓа на помалку од еден километар од одмаралишетото „Комуна од Кинескиот Ѕид“ во Пекинг.