6 митови за стомачните мускули кои ве назадуваат

Стомачни Следи листата на шесте најраспространети митови поврзани со вежбите за стомачни мускули кои можат да ве назадуваат доколку не расчистите со нив.


Следи листата на шесте најраспространети митови поврзани со вежбите за
стомачни мускули кои можат да ве назадуваат доколку не расчистите со
нив:

Стомачни мускули1. Мит: За да имате цврсти стомачни, треба да вежбате секој ден.

Вистина: И на стомачните мускули им треба одмор и регенерација. Мускулите се зголемуваат единствено кога се одмарате. 3 до 5 константи, посветени тренинзи на стомачните мускули неделно, ќе ви помогнат да ја достигнете вашата цел.

2. Мит: Добро вежбање на стомачните мускули трае половина час.

Вистина: Ако ви е потребен половина час за да почувствувате ефект од вежбите, правите нешто погрешно. Понекогаш се доволни и сесии од по 5 минути, но важно е да го прилагодите моментумот и интензитетот според формата во која се наоѓате. Запомнете, квалитетот е поважен од квантитетот.

3. Мит: Екстремно бавните стомачни ќе ве направат посилен.

Вистина: Трошење една минута за едно подигање нема да има поголем ефект од нормалното подигање. Всушност, забавеното подигање е помалку ефективно. Идеално, вежбањето треба да ви помогне да ги правите нештата подобро, од кик-бокс, па сè до едноставно подигање на актовка – а ниедна од тие активности не ги правите забавено.

4. Мит: Најдобро време за вежбање на стомачните е на крајот од тренингот.

Вистина: Не постои физиолошка разлика во однос на периодот кога ги вежбате стомачните. Единствено што е важно е тоа да го правите постојано.

5. Не можете јасно да ги дефинирате стомачните мускули вежбајќи пилатес.

Вистина: Пилатес е ефективен начин на вежбање и доколку правилно се искомбинира со диета и кардиоваскуларен тренинг, може да ви донесе правилна дефиниција. Нормално, никој не може да ви го гарантира тоа, зашто дефиницијата зависи и од гените, колку сте слаби, колку ви е долг стомакот, колку сте високи итн.

6. Не може да ги зацврстите мускулите без машина за вежбање.

Вистина: Не ви се потребни тегови за да направите мазни, сексипилни стомачни мускули, иако професионалните спортисти ги користат за да ја зголемат издржливоста и силата. Згора на сè, најголемиот дел од машините за стомачни мускули не се дизајнирани за жени. А, доколку машината не ви одговара според големината, можно е фокусот на вежбата да се префрли на погрешно место. Затоа, како најсигурна варијанта ви останува подот. Евтин е, ефективен и секаде достапен! [Exercise Myths: 6 Ab Mistakes That Are Holding You Back]

- Реклама -