Greenwash маркетиншки трикови

greenwashing1.jpg 100% природен шампон или еколошко средство за чистење… Ваквите и сличните на нив етикети на 98% од оние добри-за-околината или добри-за-вашето-тело продукти се лажни, покажаа новите студии. Тоа се збир на техники кои компаниите ги користат како маркетиншки трик и кои енвиронменталистите ги нарекоа Greenwashing. Следниот пат кога ќе купувате внимавајте на следниве знаци кои можат да сигнализираат greenwashing.


40746_1_468.jpeg100% природен шампон или еколошко средство за чистење… Ваквите и
сличните на нив етикети на 98% од оние добри-за-околината или
добри-за-вашето-тело продукти се лажни, покажаа новите студии. Тоа се
збир на техники кои компаниите ги користат како маркетиншки трик и кои
енвиронменталистите ги нарекоа Greenwashing.

Greenwashing-от, според истражувачите, најмногу преовледува во промовирањето на средствата за чистење, козметиката и детските продукти и играчки.

Посебно загрижувачки за родителите е фактот што продуктите за кои се тврдеше дека не содржат bisphenol-A се покажаа како greenwashing. Тоа е така заради тоа што не постои интернационален сертификат кој ќе ги потврди тврдењата на компаниите дека нивните пластични продукти не ја содржат таа хемикалија која во човечкото тело се однесува како хормонот естроген и беше поврзана со ракот и неплодноста. Додека, од друга страна, BPA беше откриен во тврдите пластични материјали, вклучително и шишињата за бебиња произведени минатата година.

Следниот пат кога ќе купувате внимавајте на следниве знаци кои можат да сигнализираат greenwashing:

1. Користење на воопштени изрази како eco-friendly кои всушност не значат ништо или тврдење толку сиромашно дефинирано така што лесно може да доведе до погрешно сфаќање, на пр. „100 % природно“ не значи и дека не е токсично..

2. „Зелени“ (или еколошки) продукти произведени од компании кои ја загадуваат околината на пр. штедливи светилки произведени во фабрики кои ги загадуваат изворите со вода во близина.

3. Сугестивни слики кои имплицираат дека продуктот е еколошки – органското е добар пример тука.

4. Безначајни тврдења. Истакнување на еден малечок еколошки или „зелен“ аспект, кога во целина продуктот и не е толку еколошки. Таквите тврдења можат да бидат вистинити, но се бескорисни како на пр. производ кој вели дека е CFC-free, додека CFC е забранет со закон.

5. Најдобар (во класата) или Best in class – да се биде најдобар во најлошите не мора да значи дека е еколошки продукт.

6. Нешто што едноставно не изгледа веродостојно – да се тврди за нешто што во самата природа е штетно дека е добро за околината/за вас: на пр. еколошки медицински отпад или цигарите.

7. Goobledygook – да се користи информација која ни научник не би ја разбрал со цел да се постигне еколошка квалификација.

8. Креативно рекламирање – измислување на препорака од трето лице која кажува колку продуктот е еколошки.

9. Без докази – Тврдење кое не може да биде потврдено со лесно достапна информација или веродостоен сертификат, како на пр. тоалетна хартија за која се тврди дека содржи одредена мера на рециклирана содржина, но без доказ за тоа.

10. Лажни тврдења – да се прeтставува некоја фабрикувана лага како вистина.

{youtube}YLIbIdgrIaE&feature=player_embedded{/youtube}
- Реклама -