Пиењето кафе го прави вежбањето полесно

Повеќе... Едно еспресо пред да отидете во вежбална може да го направи тренингот помалку напорен, тврдат истражувачите.


090431_coffee2.jpgЕдно еспресо пред да отидете во вежбална може да го направи тренингот помалку напорен, тврдат истражувачите.

Истражувачите открија дека луѓето кои конзумирале кофеински еквивалент на три шолји со кафе непосредно пред вежбањето имале помалку болки во мускулите на крајот.

Истражувањето го водеше поранешниот велосипедист, професорот Robert Motl, кој забележал како пред тренинзите редовно ги среќава своите колеги во бифето на шолја кафе пред тренинзите. Според него, велосипедистите веруваат дека кофеинот им овозможува да имаат повеќе сила, но не ја знаат причината зошто е така. Затоа тој решил да го испита тоа.

Во тестовите, „вежбачите“ биле поделени во две групи, од кои на едната половина им било давано да испијат една пилула со доза кофеин по пет милиграми за еден килограм телесна тежина. Не крајот од серијата вежби се покажало дека оние кои конзумирале кофеин имале помалку болки во мускулите.

- Реклама -