Старите мажи можат да имаат помалку интелигентни деца

1237183277.jpg Додека мажите, за разлика од жените, можат да продолжат да имаат деца во староста, тоа може да има и своја цена – интелигенцијата на нивните деца. Погледнете што велат истражувањата…

Додека мажите, за разлика од жените, можат да продолжат да имаат деца
во староста, тоа може да има и своја цена – интелигенцијата на нивните
деца. Погледнете што велат истражувањата…
      home_father-and-son.jpg
John McGrath, од универзитетот на Квинсленд, Австралија и неговите колеги анализирале податоци на повеќе од 33.000 деца од САД, во нивните 8 месеци, 4 години и 7 години. Тие откриле дека оние кои имаат постари татковци поминале полошо на тестот за интелигенција, на кој се барало концетрација, меморија, анализирање и читачки способности. За разлика од ова, децата на постарите мајки поминале подобро од децата на помладите мајки.

 „Народното верување ни кажува дека децата на постари родители би требало да добијат подобри шанси и подобра нега“, вели McGrath. „Тоа е точно оноа кое го најдовме кај мајките – но не и баш истото кое го пронајдовме кај татковците“.

Како и да е, разликата во поените кај децата со помлади и постари татковци се мали, околу 2 поена разлика од дете со 20 годишен татко споредено со дете со 50 годишен татко. Тимот на научници претпоставува дека ова е генетичка грешка поврзана со годините во ќелиите кои произведуваат сперма – така барем покажуваат нивните резултати.

 „Ова може да објасни и многу други работи – зголемен ризик на шизофренија, аутизам и биполарно пореметување кај децата со постари татковци“, додава McGrath.

„Не мислам дека имаме доволно докази за да кажеме дека татковците треба да избегнуваат нега на деца после одредена возраст„
, тој вели, „само сакаме да ги едуцираме луѓето дека постојат ризици за кои не знаеле“.

- Реклама -