Lamborghini откри уште детали за Sesto Elemento

Од компанијата Lamborghini открија дополнителни детали за сериската верзија на супер автомобилот Sesto Elemento. Се очекува производството на автомобилот да започне за две години.

Шефот на одделот за истражување и развој во Lamborghini, Маурицио Реџина, е категоричен дека производната верзија ќе биде максимално блиска до она што го нуди и концептот. Промените ќе бидат најмногу на подобрување на безбедноста на возилото, а за таа цел ќе биде подобрена конструкцијата и каросеријата.

235_Lamborghini-Sesto-Elemento-470-2

За разлика од Aventador за чија конструкција е користен алуминиум, Sesto Elemento е направен целосно од јаглеродни влакна. Затоа и неговата тежина не надминува еден тон. Реџина додаде дека и ентериерот на Sesto Elemento останува ист како кај концептниот модел. Секој од сопствениците ќе добие специјално направено за него возачко седиште. Возилото ќе смета на истиот мотор како Gallardo LP 570-4 Superleggera, V10 со зафатнина од 5.2 литри и моќност 570 КЅ, а вртежниот момент е 540 Nm и се пренесува на сите четири тркала. Менувачот е 6-степен автоматски. Според првични податоци, од 0 до 100 km/h машината ќе забрзува за 2.6 секунди, а максималната брзина е 320 km/h. Како цена на возилото се споменува 2 милиони евра.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус

- Реклама -