Модните трендови се менуваат од сезона во сезона, но сепак постојат оние „вечни“ парчиња кои едноставно на сите им прилегаат, како класичната бела кошула, добар капут, или, пак, црвено руменило. Меѓутоа, има и облека која речиси на никого не прилега, без оглед на тоа како е искомбинирана
Одредени парчиња облека и шминка не стојат добро речиси на никого, без оглед на градбата на телото и изгледот.
Ребрасти ролки
Ролките не стојат баш на секој, а поради фактот што нагласуваат сѐ, недостатоците во нив се тешки за покривање. Меѓутоа, ребрастите ролки се дефинитивно погрешен избор, особено ако имате некој килограм повеќе.
Висок струк
Освен ако сте трудни, или сакате да постигнете таков изглед, фустанот пресечен одма под градите не е добар избор. Високиот струк кај фустаните едноставно не оди под рака со секси изглед.
Волнени чизми во комбинација со фустани и здолништа
Топлите зимски чизми, кои се инаку прогласени за еден од најголемите модни грешки во последно време, едноставно не се комбинираат со фустан или кратко здолниште. Размислете малку, во таа комбинација или ќе ви се замрзнат нозете, или стапалата ќе ви се потат.
Панталони „на линија“
Ова е една од главните модни грешки кои мажите мораат да ги избегнуваат, особено оние панталони на линија во бела или, пак, боја на песок. Имено, доколку не сакате да изгледате како Ричард Гир во филмовите од 80-тите, задолжително избегнувајте ги овие панталони „на пегла“.
Здолништа со должина под коленици
Можеби моментално се во тренд, но здолништата со средна должина едноставно ретко на кого му прилегаат добро, освен ако не сте супер модел висок преку 180 сантиметри. Оваа средна должина на здолништа која достига до пола листови, ја сече фигурата и ги прави нозете подебели.
Сина сенка на очите
Екстремно популарно во лудите осумдесети, овој тренд во шминкање, на секоја среќа, падна во заборав. Затоа, кога се шминкате, посегнете по нежни и природни нијанси, а сината сенка затворете ја длабоко во ормарот и заборавите дека некогаш сте ја имале.