5-ти Jануари – најстресниот ден во годината

Повеќе... Комбинацијата од ладно време, жалната економска перспектива и крајот на новогодишните празници лошо влијае на луѓето, па првиот работен ден во новата година, 5-ти Јануари го доживуваат како ден со најмногу стрес.


stres.jpgКомбинацијата од ладно време, жалната економска перспектива и крајот на новогодишните празници лошо влијае на луѓето, па првиот работен ден во новата година, 5-ти Јануари го доживуваат како ден со најмногу стрес. 

Тоа е денот кој го означува почетокот на деликатниот период кој би можел да се означи како "јануарски блуз" кога луѓето се премногу нервозни и можат да избувнат поради секоја најмала ситница.

Според истражувањата се покажало дека во текот на овој период најмногу што им пречи на луѓето е мљацкањето на колегите со јадењето, шмркањето и гласните телефонски разговори. Наместо да се трпат фрустрациите стручњаците советуваат да се реагира, па дури и да се вика за да се надмине тензијата.  

"Намалувањето на притисокот со викање и дерење е многу корисен начин за ослободување на негативната енергија предизвикана од стресот. Јануар може да биде еден од најстресните периоди во годината, по новогодишните шопинзи и забави" – вели психологот Џуди Џејмс. "Кога ќе почувствувате дека ваквата состојба ве окупира, пробајте на кратко да фатите кривина, најдете некое тивко место, затворете очи и дишете длабоко неколку минути. Тоа ќе ви помогне да се смирите." 

Студијата за стресот е направена врз 2000 возрасни луѓе.

- Реклама -