Белиот шеќер предизвикува зависност и депресија?

Повеќе... Преработениот бел шеќер кој на широко се употребува на овие простори нема никакви хранливи состојки. Уште повеќе, според едно истражување, заклучено е дека истиот претставува хемиско соединение кое создава зависност кај човечкиот организам.


Преработениот бел шеќер кој на широко се употребува на овие простори
нема никакви хранливи состојки. Уште повеќе, според едно истражување,
заклучено е дека истиот претставува хемиско соединение кое создава
зависност кај човечкиот организам.

Преработен шеќерНа сите процесирани шеќери (бел, кафеав, мелаза, во прав па дури и медот) во зависност од интензитетот на преработката, им се раскинати одреден број хемиски врски. Така истите стануваат „едноставни потентни“ шеќери, кои потоа лесно се апсорбираат во телото.

Процесираните шеќери како и јаглехидратите, кои преминуваат во шеќер, предизвикуваат зголемување на нивото на инсулин во крвта. Со ова исто така се зголемува и нивото на ендорфините, кои влијаат на расположението. На овој начин шеќерите предизвиквуаат ментална „хај“ состојба, која резултира со подобрување на расположението.

Континуирани примања на поголеми дози шеќер и/или јаглехидрати, со текот на времето предизвикува намалување или прекин на природното производство на ендорфини во мозкот, а со цел да се регулира нивното ниво. Меѓутоа, кога ќе се прекине внесувањето на шеќер, се намалува и количината на ендорфини во телото, што може да резултира со блага но и подлабока депресија.

Прочитајте и:  Најлошите јаглехидрати кои би можеле да го зголемат ризикот од рак, според нутриционист

За да го одржи нормалното ниво на ендорфини во мозокот, зависникот мора да внесува уште шеќер и/или јаглехидрати за да излезе од депресијата и да го одржи нормалното ниво на расположение. Така се создава суровиот циклус на физиолошка зависност од шеќер. Овој циклус е идентичен со оној на внесувањето големи количества алкохол.

Алкохолот на ист начин го зголемува нивото на ендорфини а со тоа се намалува нивното природно производство во телото.

Бидејќи шеќерот оди директно во крвниот систем, телото лачи поголеми дози инсулин за да неутрализира шеќерот. Меѓутоа за разлика од шеќерот чие дејство исчезнува за околу 1 час, инсулинот останува доста подолго. Така настанува опаѓање на расположението, односно депресија. Физички телото доживува летаргија за чие надминување, најчесто зависникот користи уште шеќер.

Разликата меѓу фруктозата (природниот шеќер во овошјето) и процесираните шеќери, всушност е во зачуваните хемиски врски кои постојат кај фруктозата. Благодарение на нив, на телото му е потребно повеќе време да ги преработи и на тој начин внесувањето на шеќерот се одвива многу побавно и поумерено.

- Реклама -