„Ла Тана“ им подари божиќен ручек на децата од „11 Октомври“

Гостилницата „Ла Тана“ денеска на децата во Домот за деца без родители „11 Октомври“ им подари божиќен ручек.

Претставниците од гостилницата заедно со децата уживаа во добра музика и во вкусна храна. Божиќниот ручек е дел од хуманитарната акција на „Ла Тана“, која беше најавена во последната недела од 2012 година.

– Во текот на една недела одвојувавме 5 отсто од секоја сметка кои денеска ги собравме и со тие средства на децата овде во Домот им подаривме еден навистина убав божиќен ручек. Оваа донација е од гостилницата, но и од сите гости кои во последната недела од 2012 година ја посетија „Ла Тана“. Како и за децата така и за нас ова дружење помина преубаво и навистина сме им благодарни на дечињата кои за нас подготвија прекрасна новогодишна претстава – изјави Горјан Тиковски, сопственик на „Ла Тана“.

Од гостилницата најавуваат дека ваквите хуманитарни акции ќе бидат меѓу приоритетите и во текот на работењето во оваа година.

ПР текст

- Реклама -