Гумите за џвакање кои се непожелни во училиште и на час имаат благотворно дејство на долгорочното и краткотрајното памтење. Зошто? Всушност, никој не знае со сигурност.
Гумите за џвакање кои се непожелни во училиште и на час имаат благотворно дејство на долгорочното и краткотрајното памтење. Зошто? Всушност, никој не знае со сигурност.
Британските психолози тврдат дека џвакањето мастики (или гуми за џвакање доколку сакате повеќе) може да ви го подобри памтењето. Истражувањата покажаа дека оние што џвакаат имаат подобри резултати на тестовите за долготрајна и краткотрајната меморија од оние кои немале гуми за џвакање.
Една третина од 75-те возрасни волонтери џвакале за време на 20 минутниот тест за памтење и концентирација, другата третина само „глумела“ џвакање, а третата не џвакала.
Оние првите имале 24% подобри резултати кога било во прашање краткотрајното памтење на некои зборови и дури за 36% биле со подобри резултати за долготрајната меморија.
Станува збор за интересни резултати, но механизмот на делување на гумата за џвакање (т.е. на џвакањето) врз меморијата сеуште не е во целост разјаснет.
Но, постојат две можни објаснувања.
Пред осум години јапонските истражувачи открија дека активноста во хипокампусот, делот од мозокот што се однесува на памтењето, се зголемува додека луѓето џвакаат. Не беше јасно зошто е тоа така, но изгледа дека тука важна улога имаат рецепторите на инсулинот.
Џвакањето го стимулира производството на инсулин, бидејќи телото очекува храна, мозокот затоа се снабдува автоматски со гликоза, па едно можно објаснување би било дека инсулинот има некое влијание врз памтењето, но ова се само нагаѓања.
Уште една интересна работа е и тоа што со џвакањето се зголемува и бројот на отчукувањата на срцето. Сето тоа го зголемува дотокот на кислород во мозокот што исто така може да влијае врз памтењето.