Конзервирана ароматерапија

air-box_introAir Box се лименки во боја што содржат воздух. Не, не се работи за лондонска магла, ниту за јапонски сувенир. Произведени се од страна на италијанската компанија Oikos Fragrances, специјализирана за производство на иновативни освежувачи.


air-boxAir Box се лименки во боја што содржат воздух. Не, не се работи за лондонска магла, ниту за јапонски сувенир. Произведени се од страна на италијанската компанија Oikos Fragrances, специјализирана за производство на иновативни освежувачи.

Колекцијата содржи шест различни варијанти на парфимиран воздух, кои не се сортирани според мирисот што го содржат, туку според расположението што го предизвикуваат кај конзументот. Така на пример, ако се чувствувате депресивно ќе си „шмркнете“ малку воздух од лименката со име Euphoria, а ако ви е потребна дополнителна физичка и духовна енергија ќе си отворите едно Energy. За соочување со предизвиците ќе си земете Courage, за творење и за медитација е предвиден Creativity, Passion е за екстра страст, а Business ќе ви помогне да го достигнете оптималното ниво на концентрација потребна за вашите деловни состаноци.

Прочитајте и:  Загадувањето на воздухот во детството е директно поврзано со здравјето на белите дробови во зрелоста

Една лименка од овој производ чини околу 10 евра, а секоја од варијантите се продава во пакети од по 10 парчиња. За другите производи и понуди на оваа компанија, можете да ја посетите нивната веб страна, а ако не разбирате италијански Google ќе ви ја преведе на англиски во pdf. формат.

- Реклама -