Џоди Марш можеби новогодишните празници ќе ги помине на Барбадос, но тоа не ја спречува во ширењето на божиќниот дух.
Гламурозната девојка која стана боди-билдер на Твитер објави неколку фотографии на кои што позира на плажа во новогодишни бикини.
Триесет и четиригодишната Џоди објави и една фотографија со која и го честиташе Божиќ на цела Велика Британија, и им покажа што таа ќе прави за празниците.
На фотката Џоди позира на лежалка на плажа во црвени бикини со бело крзно и Дедомразовска капа. Изјави дека, иако таму каде што е има 30 Степени, тоа не ја спречува да се соживее со Божиќните празници.
Исто така, црвенокосата додаде дека оваа година била најдобрата во нејзиниот живот, а на своите обожаватели им посака најсреќен Божиќ.