Барселона е во победнички елемент, а радоста е уште поголема затоа што најголемиот ривал Реал Мадрид е во голема криза. Цел Камп Ноу синоќа пееше: Мурињо те сакаме, остани, поздравувајќи го Португалецот за најновото реми против Еспањол, но и 13 бода предност на Каталонците во однос на „кралскиот клуб“.
Жозе Мурињо излезе на прес-конференција по ремито со Еспањол и призна дека освојувањето на Примера е невозможна мисија. Но, сѐ погласни се шпекулациите дека во Реал Мадрид не се задоволни од неговата работа оваа сезона. Ниту раководството, ниту фудбалерите.
Дури и официјалниот најавувач на мечот Реал Мадрид – Еспањол, пред почетокот на натпреварот, при претставувањето на фудбалерите на „кралскиот клуб, за прват откако Мурињо е на „Сантијаго Бернабеу“, не го прочита неговото име. Дали тоа значи дека „специјалниот“ набрзо ќе мора да си замине од Мадрид?!