Како ќе изгледа следната Corsa?

Opel започна со развој на следната генерација на моделот Corsa, кој пред пуштањето на Adam беше најмалиот автомобил на компанијата. Некои западни изданија веќе почнаа да прават визии како ќе изгледа моделот, кој ќе се најде во продажба во 2014 година.

Премиерата на новата генерација на Corsa ќе се одржи на меѓународниот салон во Франкфурт, есента 2013 година. Новиот модел ќе добие гама на економични мотори и зголемен внатрешен простор во споредба со оваа генерација, за да може да се дистанцира од Adam. Според предвидувањата на медиумите, инженерите на Opel ќе наметнат маска слична на онаа на редизајнираната Astra, додека задните светла ќе бидат во стилот на Adam. Прво ќе се појави верзијата со пет врати, а потоа и таа со три. Тие ќе се произведуваат во различни фабрики, онаа со три врати во Ајзенах (Германија), а таа со пет, во Сарагоса (Шпанија).

Во основата на следната генерација на Corsa ќе биде модифицираната платформа Gamma II, на која се базирани Adam и Mokka. Моделот ќе добие 1.0 литарски, трицилиндерски турбо мотор, а исто така и четирицилиндерски мотор со зафатнина до 1.6 литри. Ќе има и набилдана верзија со 1.6 литарски агрегат со моќност од 200 КЅ.

- Реклама -