Најдобриот стрелец во историјата на Арсенал, Тиери Анри, по третпат ќе го облече дресот на овој клуб, откако неговиот сегашен клуб Њујорк ред бул од МЛС – лигата му даде дозвола за позајмица во редовите на „топчиите“. Францускиот интернационалец е вистинска легенда на „Емирати“ и секој слободен момент го користи да дојде во Лондон, а исто како и минатата година, од 1 јануари ќе мине околу 90 дена во дресот на Арсенал.
Менаџерот Арсен Венгер неодамна истакна дека доаѓањето на Анри секако ќе му биде од голема помош на тимот, затоа што се работи за фантастичен спортист, кој се уште е одлично се снаоѓа во напаѓачката улога. Тој смета дека Анри би можел без проблем се уште да игра во Премиер – лигата, иако фудбалското натпреварување во САД сепак го нема тој интензитет и квалитет.
Тиери Анри играше за Арсенал од 1999 до 2007 година и на 376 настапи постигна 228 гола, а се врати и минатата зима, исто така на позајмица од редовите на Њујорк ред бул.