Не е лесно да се биде модерен и шик во зимската сезона кога температурите паѓаат, а студеното време предизвикува да не размислувате многу околу модата и да посегнувате по каква било облека во која ќе ви биде топло.
Ако размислувате како да се соочите со предизвикот да изгледате тренди и оваа зима, тогаш освен нов модерен шал со некој актуелен принт, инвестирајте и во квалитетен капут, со кој освен тоа што ќе се заштитите од студот, ќе изгледате модерно и шик на ниските температурите.
Иако најчесто жените купуваат црни или темносиви капути, зимава одберете капут во светла боја, а особено актуелни се моделите во крем, карамела и беж боја. Исто така, може да побарате модел со смел принт или акцентиран со крзно околу вратот или на ракавите.
Погледнете ја галеријата со голем број капути што светските дизајнерски имиња ги понудија за претстојната сезона, а потоа инспирирани заминете во шопинг.
China Doll Boutique
Mint Velvet
Ted Baker Ludi
Zara
Zara
Next
Diesel
Selfridges
Alexander McQueen
Asos
Jaeger
H&M
French Connection
Selfridges
Dixie Coat
Degrade Coat
Carolina Herrera
[via glamourmagazine.com]