Полиција конфискувала компјутер на 9 годишно девојче

Во осум часот наутро на најобичен ден едно обично финско семејство минувало низ својата стандардна рутина сè додека полицијата не дошла да уапси опасен пират – 9 годишно девојче.

Според податоците од Torrent Freak, финската полиција извршила рација во домот откако локалната анти-пиратска група CIAPC одредила дека во тој дом имало нелегално спуштање. Откако таткото на девојчето одбил да плати казна од 600 евра, властите ја извршиле рацијата и конфискувале докази – вклучувајќи и Winnie the Pooh лаптопот на девојчето.

Девојчето се обидело да спушти неколку песни на финската поп-ѕвезда Chisu преку The Pirate Bay. Таткото посочил дека неговата ќерка не успеала да ги спушти песните по што тој лично ѝ го купил албумот од локална продавница – но тоа не променило ништо за финските провајдери, CIAPC или полицијата.

Таткото објаснил: „Јас и ќерка ми не направивме ништо погрешно. Ако има возрасни луѓе кои не знаат како да користат компјутер и интернет, како може да се претпостави дека деца или стари лица – или во случајов девет годишно девојче – знае што точно прави на интернет?“

Одземање на лаптоп на дете поради неколку неуспешни обиди за спуштање на торент несомнено е престрога казна, и семејството дефинитивно заслужува извинување и од полицијата и од анти-пиратската група. [Police raid 9-year-old Pirate Bay girl, confiscate Winnie the Pooh laptop]

- Реклама -