Urban Shredder, хибриден мотоцикл/скејтборд кој изгледа доста опасно

Urban Shredder – чудна комбинација на мотоцикл и скејтборд – изгледа како производ наменет само за најекстремните и најлуди луѓе.

Но оваа креација е всушност Hot Wheels играчка која може да се користи како скутер и најверојатно ќе биде една од најскапите, најпопуларни и најопасни играчки оваа празнична сезона.

Погонот доаѓа од електричен мотор од 250 вати, кој работи со две 12 волтни батерии, и може да достигне брзина од 16 километри на час. Urban Shredder може да работи до еден час со едно полнење. Бидејќи детето кое ќе го вози овој скутер е ќе биде на само неколку сантиметри од земјата, заштитната опрема е неопходна.

Кога ќе биде пуштен во продажба во почетокот на декември скутерот ќе чини 500 долари, и само прашање е колку родители ќе ја платат таа цена и ќе бидат подготвени да платат дополнително за заштитната опрема. Посетите на докторски ординации помеѓу секоја сесија најверојатно ќе бидат доволни за полнење на батериите.

- Реклама -