Лестер му врачи отказ на тренерот Стив Купер


По само пет месеци работа, 44-годишниот фудбалски стратег Стив Купер мораше да ја напушти тренерската позиција на англискиот премиерлигаш Лестер, поради лошите резултати.

Ова го решија челниците на Лестер по поразот на домашен терен од Челзи со 1:2, што беше трет пораз за Лестер во последните четири првенствени натпревари. Во тој период клубот само избегна пораз на гостувањето кај Ипсвич, кој заврши нерешено 1:1.

Лестер моментално е многу блиску до опасната зона за испаѓање, само еден бод над неа. Се наоѓа на 16. место и досега впиша само две победи, четири нерешени дуели и шест порази. Лестер минатата сезона обезбеди враќање во Премиер лигата на доминантен начин преку тамошната втора лига, Чемпионшип.

Клубот сѐ уште нема подготвен наследник на Купер, кој претходно во кариерата ги водеше англиските репрезентации до 16 и 17 години, како и Свонси и Нотингем Форест.

- Реклама -