Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим изјави дека тимот ќе има тежок период во блиска иднина.

– Знам дека е фрустрирачки за навивачите, но ние менуваме многу во овој момент, со многу натпревари. Ќе страдаме долго и ќе се обидуваме да победиме во натпревари, но ќе треба време. Треба да го сфатиме тоа и да размислуваме и да бидеме прагматични бидејќи овие момци имаа само два дена тренинзи за да сменат толку многу, изјави Аморим за „ESPN“.

Манчестер јунајтед го објави назначувањето на 39-годишниот Аморим за главен тренер на 1 ноември. Во првиот натпревар под негово водство, Манчестер јунајтед викендот ремизираше (1:1) со Ипсвич.

Тимот од „Олд Трафорд“ се наоѓа на 12. место во Премиер лигата со 16 бодови. Во следното коло кое ќе се игра на 1 декември, Јунајтед на домашен терен ќе игра со Евертон.

- Реклама -