Белоусов: Украинската воена кампања за 2025 година пропадна

Русија денеска соопшти дека украинската воена кампања за 2025 година пропаднала, еден ден по говорот на претседателот Владимир Путин, во кој оцени дека украинскиот конфликт добил глобален карактер.

„Практично направивме нивната кампања за 2025 година да пропадне“, рече рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов.

Тој ја даде изјавата за време на обиколката на руските сили вклучени во борбите.

Белоусов рече дека руската армија ги уништила најдобрите единици на Украина и го поздрави напредувањето на руските сили на фронтот.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -