Оштетен е уште еден подводен телекомуникациски кабел во Балтичко Море, соопшти денеска шведското Министерство за цивилна заштита.
Еден ден откако беше оштетен телекомуникацискиот кабел помеѓу Германија и Финска, оштетен е кабелот што ги поврзува Шведска со Литванија.
Воената морнарица на Литванија соопшти дека го зголемила надзорот над територијалните водите откако беше прекинат телекомуникацискиот кабел во Балтичкото Море.
Портпаролот на литванските вооружени сили изјави дека сега се прави проценка заедно со сојузниците.
Додека портпаролот на сопственикот и операторот на телекомуникацискиот кабел, „Арелион“ (Arelion) изјави дека врската меѓу Литванија и Шведска е „целосно прекината“, но оти се уште не е познато што го предизвикало прекинот.
Компанијата што управува со кабелот што ја поврзува Финска со Германија, исто така, соопшти дека не е познато што довело до оштетување на кабелот.