Над 900.000 украински жртви досега во војната, тврди Москва

Руското Министерство за одбрана соопшти дека вооружените сили на Украина претрпеле повеќе од 900.000 жртви, вклучително и мртви и ранети, од почетокот на војната пред 1.000 дена.

Според пресметките Министерството, само оваа година загубите на Украина ги надминаа оние од првите две години од конфликтот заедно, а вкупните загуби на Киев изнесуваат 906.500 мртви и ранети.

ДПА нагласува дека бројките на жртви во таквите конфликти генерално не можат независно да се проверат. Ниту Москва ниту Киев досега не открија точни бројки во однос на нивните загуби.

Повикувајќи се на американски воени и разузнавачки извори „Њујорк тајмс“ неодамна објави дека досега се убиени 57.000 украински војници. Оваа бројка се вели дека е приближно половина од руските жртви.

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна

НАТО ги процени руските загуби на над 600.000 загинати и ранети, додека западните разузнавачки извори известуваат за 200.000 мртви и 400.000 ранети во руските редови.

Украинската Влада, исто така, објави свој список, велејќи дека над 722.000 руски војници биле убиени или ранети од почетокот на војната во февруари 2022 година.

- Реклама -