Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, објави дека Килијан Мбапе се бори со „физички и психолошки“ проблеми, бидејќи се соочува со „тешки“ моменти со Франција и Реал Мадрид.
-Факт е дека тој е во тешка ситуација. Очигледно е дека минува низ период кој не е најсреќен во неговата кариера. Тој сакаше да дојде со тимот. Но, мислам дека е подобро тој да не биде повикан во моментов. Секој може да помине низ тежок период. Има и физички елемент и психолошки, изјави селекторот по ремито без голови на неговиот тим со Израел во Лигата на нации.
Селекторот по втор пат не ја повика големата ѕвезда на „петлите“. Килијан Мбапе има 48 гола за Франција на 86 натпревари.