Кошаркарите на Црвена ѕвезда се поразени од Асвел во Лион со резултат 77:74 (24:20, 19:12, 15:19, 19:23), во 10. коло од Евролигата.
Асвел одигра многу подобро во првото полувреме, дојде до предност од 11 поени пред големата пауза, но Ѕвезда успеа да се врати и да се закани дури во третиот период. Тогаш белградските „црвено-бели“ успеаја да ја стабилизираат својата игра, Ајзеа Кенан уфрли неколку „тројки“, а во последната четвртина видовме вистинска драма. Ѕвезда по „тројката“ на Кенан поведе со 74:71, но потоа Де Коло беше сигурен од линијата за слободни фрлања. Коди Милер-Мекинтајр ја загуби топката во нападот, а Тео Маледон беше најдобар во транзицијата (погоди и важна тројка пред тоа). По тајм-аутот, Петрушев ја прими топката во срцето на рекетот, но беше досуден фаул во нападот. Маледон ги реализираше двете слободни фрлања, а Теодосиќ го промаши шутот за „тројка“ и продолжение
Црвена ѕвезда сега има сооднос 5-5, додека Асвел има три победи и седум порази. Во следното коло Ѕвезда пред своите гледачи го пречекува вечниот ривал Партизан, додека Асвел игра во франуската пресметка со Монако.
Олимпијакос во Белград го совладаа исловниот домаќин Макаби Тел Авив со резултат 94:91 (29:24, 13:29, 28:10, 24:28) и стигна до петтиот по ред триумф во најелитното континентално натпреварување.
Кај Олимпијакос најефикасен беше Саша Везенков кој постигна 21 поен, а Еван Фурније додаде 20. Во тимот од Тел Авив најдобар беше Џејлен Хорд со 20 поени, а Леви Рендолф постигна 15.
Олимпијакос сезонава во Евролигата досега забележа седум победи и три пораза, додека Макаби има скор од 3-7. Олимпијакос привремено се искачи на третото место во поредокот со учинок 7-3, зад водечките Барселона и Фенербахче (7-2). Во следното, 11. коло, тимот од Атина ја пречекува Басконија, додека Макаби ќе гостува во Милано на Олимпија.
Голема победа оствари Анадолу Ефес, совладувајќи го Реал Мадрид во неговиот „Визинк центар“ со 74:64. Тоа беше вистинска екипна победа во која никој посебно не се истакна офанзивно, па Илајџа Брајант беше најдобар стрелец во победничкиот тим со 13 поени, додека Џордан Нвора и Дариус Томпсон п остигнаа по 10 поени. Реал го имаше најдобриот стрелец на мечот во Факундо Кампацо кој постигна 20 поени, што е речиси една третина од постигнатите поени на мадриѓаните, а Марио Хезоња постигна 13 поени.
Реал падна на 11. позиција со четвртиот пораз во последните пет натпревари.
Во германското дерби во Минхен, Баерн целосно ја надигра берлинска Алба и победи со 115:86. Карсен Едвардс ги предводеше стрелците на Баерн со 25 поени, а Девин Букер постигна 18 поени. Матео Спањоло постигна 23 поени за Алба.
Евролига – 10. коло
Во четврток:
Макаби Тел Авив – Олимпијакос 91:94
Асвел – Црвена ѕвезда 77:74
Басконија – Монако 75:87
Баерн – Алба Берлин 115:86
Реал Мадрид – Анадолу Ефес 64:74
Во петок:
Жалгирис – Фенербахче (19.00 ч.)
Барселона – Париз (20.30 ч.)
Партизан – Армани Милано (20.30 ч.)
Виртус Болоња – Панатинаикос (20.30)
ТАБЕЛА:
Team | Games | Wins | Losses | Points For | Points Against |
---|---|---|---|---|---|
Барселона | 9 | 7 | 2 | 764 | 715 |
Фенербахче | 9 | 7 | 2 | 713 | 680 |
Олимпијакос | 10 | 7 | 3 | 859 | 808 |
Баерн | 10 | 7 | 3 | 886 | 858 |
Панатинаикос | 9 | 6 | 3 | 783 | 732 |
Париз | 9 | 6 | 3 | 745 | 724 |
Жалгирис | 9 | 6 | 3 | 676 | 660 |
Монако | 10 | 6 | 4 | 829 | 796 |
Анадолу Ефес | 10 | 6 | 4 | 838 | 812 |
Црвена ѕвезда | 10 | 5 | 5 | 815 | 789 |
Реал Мадрид | 10 | 4 | 6 | 824 | 820 |
Басконија | 10 | 4 | 6 | 764 | 782 |
Армани Милано | 9 | 3 | 6 | 752 | 783 |
Макаби | 10 | 3 | 7 | 819 | 860 |
Асвел Вилурбан | 10 | 3 | 7 | 788 | 838 |
Партизан | 9 | 2 | 7 | 710 | 737 |
Виртус Болоња | 9 | 2 | 7 | 719 | 765 |
Алба | 10 | 2 | 8 | 764 | 889 |