Претседателот на Јужноафриканската фудбалска асоцијација (SAFA) 73-годишниот Даниел Александер „Дени“ Џордаан е уапсен во средата под обвинение дека користел пари од сојузот за свои цели, објавија локалните медиуми.
Џордаан беше предводник на успешната кампања со која Јожноафриканската Република ја доби организацијата на Светското првенство во 2010 година, а неговото апсење е резултат на полициска акција започната во март годинава, кога беа претресени просториите на SAFA.
При тој претрес било утврдено дека Џордaан во периодот од 2014 до 2018 година ги користел средствата на федерацијата за своја корист, како што е ангажирање приватно осигурување за своја заштита и компанија за односи со јавност без дозвола на SAFA.