Во денешно време, кога голем дел од животот ни се врти околу компјутери, поседувањето на силна лозинка е многу важно. Но, честа грешка која сите ние ја правиме во создавање на лозинкa е користење на нешто што можеме лесно да го запамтиме.
Поими кои треба да се избегнуваат се сите зборови кои можат да се најдат во стандарден речник. Хакерите често почнуваат со зборови од речникот, ако тоа не успее тогаш пробуваат нешто друго.
Втора честа грешка е користење на една лозинка на неколку сајтови, грешка која хакерите со задоволство ја експлоатираат. Ако хакерите ја откријат вашата лозинка на социјален сајт, тоа нема сериозни последици, но ако истата лозинка им обезбеди пристап до вашата електронска пошта, или вашиот онлајн банкарски профил тогаш веќе има проблем.
Употребете фраза за вашата лозинка бидејќи подолги лозинки се потешки за откривање. Идеално лозинката би требало да биде долга 14 или повеќе карактери, но бидејќи тоа би било тешко за памтење, тогаш би можеле да употребете фраза, како на пример цитат од вашиот омилен филм.
Користете повеќе браузери, еден за вашите секојдневни активности, друг за пристап до сајтови во кои е потребна поголема безбедност. Но кој браузер да го користите за која активност? Според истражување во кое биле опфатени Mozilla Firefox, Google Chrome и Microsoft Internet Explore, Chrome бил оценет како најнеподложен на напади.
За најбезбедна лозинка едноставно почнете да чукате по тастатурата со повремено притискање на Shift копчето. Потоа едноставно копирајте ја лозинката во текст фајл и чувајте ја на USB драјв заштитен со лозинка.