Зајков: Ќе потврдиме дека сме подобри од Летонија и на овој меч


презентативец на Македонија Ѓоко Зајков е оптимист пред двата натпревари во Лигата на нации против Летонија и Фарски Острови.

    Зајков изјави дека во нашиот табор владее позитивна еуфорија и се надева дека истата ќе биде преточена во добри резултати пред домашните навивачи.

    „Тренираме добро, владее позитивна еуфорија меѓу играчите. Добро е што двата натпревари ги играме пред нашата публика и се надевам дека ќе продолжиме со одличните резултати.

    Ја победивме Летонија на гости, но тие не се наивна репрезентација, затоа мислам дека мора да бидеме многу фокусирани во сите сегменти од играта, зашто само така ќе потврдиме дека претходниот триумф не бил случаен.

    Тактички сме одлично поставени, се подготвуваме исто како и за секој друг натпревар, па се надевам дека крајот на овој циклус ќе биде успешен за нас“, изјави Зајков.

    Првиот натпревар против Летонија ќе го одиграме на 14 ноември во 20:45 часот, додека со Фарските Острови се среќаваме три дена подоцна во терминот од 15:00 часот.

    - Реклама -