Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.

Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари.

Отповикувани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава.

Прочитајте и:  Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

- Реклама -