Десетици луѓе вооружени со палки и петарди вчера запалија трамвај во Амстердам, соопшти холандската полиција, наведувајќи дека се зголемиле тензиите во градот по минатонеделната насилна пресметка меѓу навивачите на израелскиот фудбалски клуб Макаби и амстердамски Ајакс.
Полицијата соопшти дека пожарот во трамвајот бил брзо изгаснат и дека единиците за контрола на немири го расчистиле квартот во кој се случил инцидентот.
Во соопштението се наведува дека не е јасно кој ги започнал нередите и дали тие се поврзани со минатонеделниот напад врз израелските навивачи, но се забележува дека во градот има тензија по судирот меѓу навивачите на Макаби и Ајакс.