ВИДЕО| Навивачите на Макаби не ја почитувале минутата молк за жртвите од поплавите во Шпанија


Навивачите на израелски Макаби од Тел Авив во четвртокот вечерта не ја почитуваат минута молчење во спомен на повеќе од 200 загинати во поплавите во Шпанија, туку пееја и фрлаа петарди пред фудбалскиот натпревар со Ајакс, објавија тиражните шпански дневни спортски весници Marka и AS.

„Навивачите на Макаби од Тел Авив во Амстердам, во пресрет на натпреварот против Ајакс, не оддадоа ни минута молчење во спомен на жртвите од смртоносното невреме што ја зафати Шпанија. Израелските навивачи скандираа и фрлаа петарди”, објави Marca објавувајќи видео на својата веб-страница.

Видеото од стадионот го објави и весникот AS Diario, пишувајќи дека „ултрасите на Макаби го саботираа едноминутно молчење во спомен на загинатите во Валенсија“.

Во југоисточна Шпанија, најмалку 219 лица загинаа, а по околу 80 сè уште се трага, по поројните дождови предизвикани од невремето што ги потопија тамошните локалитети. Натпреварите од европските натпреварувања оваа недела започнаа со едноминутно молчење во спомен на жртвите од најтешката природна катастрофа во Шпанија во последните децении. Сочувство изразија бројни спортисти, а некои натпревари од шпанското првенство беа одложени поради последиците.

Ајакс го победи Макаби со 5:0 во натпреварот од Лига Европа. Навивачите на Макаби скандираа погрдни пораки против Палестина на улиците на Амстердам и го тргнаа палестинското знаме од прозорецот на една зграда, како што може да се види на видеата објавени во шпанските медиуми.

Оваа година Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка ја признаа независноста на Палестина во границите од 1967 година и го повикаа Израел да ја повлече својата војска од окупираните територии.

- Реклама -